17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФранцуските парфимерии ги зафаќа криза

Француските парфимерии ги зафаќа криза

chanel-no5

Минтата година во француските парфимерии имало 1,3 милиони потрошувачи помалку во однос на 2010 година, поради што и приходите се намалени за 2,8 милијарди евра.

Прометот во француските парфимерии минатата година е намален за три отсто, а приходите за 0,9 отсто, соопшти Здружението на француски дрогерии „NRO“.

Според истиот извор, во парфимериите ширум Франција минатата година  имало 13,3 милиони потрошувачи.

Продажбата на женските парфеми паднала за 0,7 отсто, што може да се должи на зголемените цени на оваа луксузна стока, наспроти се поплитките џебови на потрошувачките.

Сепак, во големите стоковни куќи како што се: „Sephora“, „Mariano“, „Nocibe“ и „Douglas“, продажбата е зголемена за 2,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП