28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГо прават „ајфон“, а сега ќе можат и да го купат!

Го прават „ајфон“, а сега ќе можат и да го купат!

aplle

„Ејпл“ успеа да оствари договор со Кинезите и така себеси широко да си ја отвори вратата кон пазар од 760 милиони луѓе, пренесува „Дојче Веле“.

Од 17-ти јануари „Чајна Мобајл“, најголемиот провајдер на мобилна телефонија во светот, во понудата ќе има и „ајфон“.

По повеќегодишните преговори, „Ејпл“ направи голем договор со кој значително ќе си го зголемат профитот. Деталите од договорот се уште не се познати, но експертите сметаат дека станува збор за работа од повеќе милијарди за американскиот концерн.

„Чајна Мобајл“ има 760 милиони клиенти и со тоа е најголемиот снабдувач на услуги во мобилната телефонија во светот.

Од 17-ти јануари, кинескиот државен концерн во својата понуда ќе ги има „ајфон“ 5с и 5ц, а со тоа тие се последниот голем провајдер кој во својата палета го воведува „ајфон“.

Во најнаселената земја во светот, „ајфон“ досега го имаше во понудата на два помали провајдери, „Чајна Јуником“ и „Чајна Телеком“.

Преговорите трае со години, затоа што Американците беа воздржани. Стандардната 3G мрежа која „Чајна Мобајл“ ја има не беше компатибилна со најновиот „ајфон“.

Од друга страна, Кинезите несакаа да прифатат на минимална загарантирана продажба. „Чајна Мобајл“ сега ја воведува побрзата мрежа од четвртата генерација и со тоа исчезнуваат и техничките проблеми, па поради тоа и дојде до договор.

„Ејпл“ сега се надева на значителен пораст во продажбата на своите телефони, а во последно време продажбата во Кина не беше според нивните очекувања.

„Самсунг“ и повеќето кинески производители го престигнаа „Ејпл“, а „ајфон“ имаше само шест проценти од уделот во овој голем пазар.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП