8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрво извлекување од наградната со фискалните, пристигнати над 500.000 пликови

Прво извлекување од наградната со фискалните, пристигнати над 500.000 пликови

fiskalna

Првото извлекување од наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ ќе се одржи вечерва. Досега се пристигнати над 500.000 пликови со фискални сметки.

Наградната игра почна на 1 декември годинава. Граѓаните учествуваат со собрани 20 фискални сметки од кој било износ издадени по 15 ноември 2013 година.

Главна награда е стан и дуќан во Скопје, а секои 45 дена ќе се доделува автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони, ЛЦД телевизори,…

Извлекувањето ќе биде во девет кола.

Со наградната игра се очекува да се подгне свеста кај граѓаните и да се зајакне фискализацијата.

Приредувач на наградната игра „Фискална во рака-награда без мака“ е Државната лотарија на Република Македонија, под покровителство на Министерството за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП