27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција: Одобрен данокот од 75 проценти

Франција: Одобрен данокот од 75 проценти

francija45poi9

Уставниот совет на Франција го одобри предлогот со 75 проценти да се оданочуваат компаниите чии вработени имаат годишни приходи поголеми од еден милион евра.

Законот ќе се применува во текот на две години, а ќе се однесува на приходите во текот на 2013 и 2014 година. Данокот всушност изнесува 50 проценти, но кога ќе се пресметаат и трошоците за социјалното осигурување, излегува дека компаниите ќе бидат оданочувани со 75 проценти.

Претходната верзија на законот за оданочување на високите приходи беше отфрлена од Уставниот суд на Франција пред една година.

Според тој предлог, данокот од 75 проценти требаше да го плаќаат сите граѓани на Франција кои годишно заработуваат повеќе од еден милион евра. Тоа предизвика незадоволство кај богатиот слој во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП