Најевтиниот град за живеење во светот е Мумбаи (поранешен Бомбај) во Индија, а зад него следат јужноафриканскиот Кејптаун и полскиот главен град Варшава.
Титулата за најскапи градови во светот ја добија Осло, Копенхаген, Стокхолм и Хелсинки.
Врз основа на годишната анкета која ја спроведува сајтот „PriceRunner“ кој се занимава со споредување на цените на 25 производи и услуги во 32 града, најевтини градови во источна Европа се Прага и Вилнус во кои цените се за околу 20 проценти пониски отколку во францускиот главен град Париз.
Париз е седмиот најскап град во светот и еден од најскапите европски градови, а зад него следат и Москва, Берлин и Будимпешта.
Од подалечните дестинации, меѓу најскапите градови спаѓаат и Дубаи, Сан Франциско и Шангај.