ПочетнаЕКОНОМИЈАКазнети се повеќе од 70 субјекти за непочитување на препораките за загадувањето

Казнети се повеќе од 70 субјекти за непочитување на препораките за загадувањето

zagadenost

Инспекторите на Државниот инспекторат за труд им изрекле мерка забрана за вршење дејност на над 70 субјекти што работат во надворешни услови, а кои не ги почитувале препораките поради загадувањето работниот процес да го организираат во периодот од 11 до 17 часот.

Ова ги истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов во одговор на новинарско прашање по денешната посета на СОС Детското село во Скопје.

Тој прецизира дека во изминативе денови се извршени над 240 инспекциски надзори, пред се кај градежните компании, но и кај останатите фирми кои работат во надворешни услови и додаде дека околу 30 проценти од правните лица не ги почитувале препораките.

– Државниот инспекторат за труд и во наредниот период, согласно препораките за проблемот со кој се соочуваме, ќе продолжи да постапува по секоја преставка од страна на граѓаните, но и преку редовни и вонредни инспекциски надзори, нагласи Спасов.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП