2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБДП на Русија ќе порасне за 1,4 проценти

БДП на Русија ќе порасне за 1,4 проценти

rusija54788

Растот на БДП на Русија оваа година ќе биде 1,4 процент, се наведува во ажурираната прогноза на руското Министерство за економски развој.

На почетокот на 2013 година министерството прогнозираше економски раст од 3,6 проценти, но веќе во март прогнозата беше ревидирана на три проценти, пренесува „Итар тас“.

Во првата половина од 2013 година растот на руската економија беше се на се 1,7 проценти на годишно ниво.

Во август Министерството за економски развој повторно ја корегираше прогнозата за годишниот раст на 1,8 проценти, во ноември на 1,5 до 1,6 проценти, за во декември прогнозата за оваа година да падне на 1,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП