9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРахој вети економско закрепнување

Рахој вети економско закрепнување

marijanorahoj1

Шпанскиот премиер Маријано Рахој, во традиционалното обраќање пред нацијата на крајот од годината, вети економско закрепнување на Шпанија во 2014 година.

Неговиот говор имал оптимистички тон, бидејќи економијата на Шпанија во третиот овогодишен квартал исплива од рецесија, и покрај огромната стапка на невработеност од 26 проценти, пренесува Франс Прес.

„Доколку 2012 година беше година на стегање на каишот, 2013 година на реформи, наредната 2014 година ќе го одбележи почетокот на економското закрепнување во земјата. Ја завршуваме годината со далеку подобри темели за економско закрепнување“, изјави Рахој, и додаде дека шпанската економија, која во третиот квартал порасна за 0,1 процент, се вратила на патот на скромниот раст во втората половина од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП