20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM следната година ја купува Tesla Мotors?

GM следната година ја купува Tesla Мotors?

tesla-motors-gm-logos-photo1

На сите им стана јасно дека „General Motоrs“ покажува интерес кон „Tesla Motors“. Имено, ситуацијата отишла толку далеку што дури американскиот гигант има формирано специјална работна група која ќе го надгледува производителот на електрични автомобили.

Но, тоа што ги шокираше сите е најавата на аналитичарите дека релацијата „GM-Tesla“ би можела да кулминира и да премине во едно сосема ново ниво. Тоа ниво би било купување на „Teslа“ во текот на 2014-та година, затоа што, „Tesla“ претставува совршена компанија за зацврстување на „GM“ на полицата на брендови.

Иако без реална основа, аналитичарите сметаат дека оваа купопродажба би имала смисла и за двете компании. Со купувањето на „Teslа“ на гигантот би му дал пристап до врвната технологија на „plug-in“ хибриди, како и зголемување на бројноста на брендот, додека „Tesla“ за возврат ќе ги искористи сите бенифити од моќноста на гигантот каков што е „GM“ во поглед на сервисите и продажната мрежа.

Меѓутоа, не е само „GM“ потенцијален кандидат за превземање на калифорнискиот производител на електрични лимузини. Се шпекулира дека и „Apple“ е еден од можните купувачи, меѓутоа од практична гледна точка „GM“ е пред технолошкиот гигант.

За „GM“, ова без сомневање би било еден од големите и долгорочни стратешки чекори во поглед на развојот на технологии во погоните на автомобилите. Меѓутоа, не треба да ја заборавиме и тенденцијата на „Daimler“, кој веќе поседува удел од 4.3 проценти во компанијата, а од каде изјавија дека сакаат потесна соработка со „Teslа“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП