3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовторно казна за Barclays

Повторно казна за Barclays

barbar546

Британската банка „Barclays“ е казнета со 3,75 милиони долари поради пропуст во водењето на електронските податоци, мејлови и пораки во период од 2002 до 2012 година.

Американската Регулаторна агенција за финансиските пазари (Finra) тврди дека британската банка пропуштила да ги сочува податоците од нарачките и трговијата, деталите од сметките и други информации, како и тоа дека не ги запрела бришењата или измените на податоците во системот, јавува британскиот јавен сервис „BBC“.

„Осигурувањето на интегритетот, точноста и достапноста до електронските книги за работење е клучен фактор во способноста на некоја компанија да ги исполни своите обврски“, рече еден од директорите на „Finra“, Бред Бенет.

Американската Федерална регулаторна комисија за електронска енергија (FERC) веќе во јули ја казни „Barclays“ со 435 милиони долари поради учество во местењето на цените на енергетските пазари во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП