4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои прашања треба да им ги поставите на вашите кандидати за работа?

Кои прашања треба да им ги поставите на вашите кандидати за работа?

intervju98po

Повеќето кандидати можат да ги нарушат вашите прашања на интервјуто преку кажување на тоа што сакате да го слушнете. Но доколку вашиот пристап е правилен, вие можете да го одбегнете тоа.

Повеќето кандидати мислат дека прашањата од интервјуто можат да бидат декодирани и пробиени со цел да ги дадат „совршените“ одговори.

Поставување на прашања во однос на мислењето на одредена тема, е комплетно губење на времето. Секој кандидат доаѓа подготвен со одговори на општите прашања во врска со тимската работа, иницијативата, интерперсоналните вештини и лидерството.

Затоа потребно е да поставувате прашања кои изнудуваат факти наместо мислења. Зошто? Никогаш вие не можете да се потпрете на тврдењата за тоа што ќе направи некој, но можете да научите многу од тоа што веќе е направено.

Кога е во прашање однесувањето на потенцијален вработен, минатото е прилично веродостојна индикација за иднината.

Како можете да ги добиете фактите? Прашувајте. Поставете иницијално прашање, а потоа следно: Одете подлабоко за целосно да ја разберете опишаната ситуација, одредете точно што кандидатот направил (и што не направил), и согледајте ги новите елементи кои се појавуваат. Дополнителните прашања не мора да бидат комплицирани: Навистина? И што се случи потоа? Како дојде до тоа? Што рече таа?

Се што треба да направите е да го одржувате текот на разговорот. Во најдобар случај, интервјуто е само разговор.

Во продолжение се претставени четири витални прашања кои треба да ги поставите на едно интервју:

1. Кажете ми за последната ситуација во која сте биле во конфликт со клиент или колега.

2. Кажете ми за најтешката одлука која што сте требале да ја направите во последните шест месеци.

3. Кажете ми за одредена ситуација кога сте знаеле дека сте во право, но сепак сте морале да следите упатства и дирекции.

4. Кажете ми за последната ситуација кога вашиот работен ден завршил пред да сте можеле да ги комплетирате задачите.

Ретко кои кандидати можат да блефираат по неколку последователни прашања. Претворањето на интервјуто во разговор базиран на факти, ќе ви помогне да ги идентификувате потенцијалните разлики меѓу кратката биографија на кандидатот и реалното искуство, квалификации и достигнувања. Овие четири прашања ќе ви откријат многу работи за кандидатот кој го испитувате. Обидете се да ги прочитате неговите намери, неговата личност преку сторените дела во одговорот на овие прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП