28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGM повлекува 1,5 милион автомобили во Кина

GM повлекува 1,5 милион автомобили во Кина

gmchina15469

Кинеската агенција за квалитет на производи денес соопшти дека американскиот автомобилски концерн „General Motors – GM“ и неговиот главен кинески партнер ќе повлечат речиси 1,5 милион возина во Кина, поради замена на држачите за пумпата за гориво.

Како што наведува кинеската агенција, повлекувањето се однесува на 1,2 милиони возила од марката „Buick“ произведени од 2006 до 2012 година и 250,000 возила од марката „Chevrolet“ произведени од април 2009 до октомври 2011 година, како и некои модели кои се направени минатата година, пренесува агенцијата АП.

На тие модели би требало да биде заменет држачот за пумпата, бидејќи може да дојде до негово напукнување, што во екстремни случаеви може да предизвика истекување на горивото, се наведува во соопштението на кинеската агенција, од каде додаваат дека станува збор за второто по ред повлекување на возила од пазарот од страна на „GM“ во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП