26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИстражување: Зголемени можностите за почнување бизнис

Истражување: Зголемени можностите за почнување бизнис

b

Во Македонија во последниве три години двојно се зголемени можностите за почнување бизнис, но останува значително висок процентот на отворањето фирми од нужност, покажува последното Глобално истражување за
претприемништвото (ГЕМ).

Генерален е заклучокот, беше речено на денешната презентација, дека македонското претприемништво има голем потенцијал зашто домашните претприемачи се насочени кон странските пазари, иновациите и вработувањата.

– Вкупно 52 отсто од претприемачите велат дека се мотивирани од нужност што е во согласност со општата економска и социјална состојба.

Во услови на висока невработеност и низок економски раст, почнувањето бизнис се наметнува како нужност.

Тоа е една од малкуте алтернативи за егзистенција на луѓето. Сепак, охрабрува трендот што расте процентот на претприемачи кои се мотивирани од можноста заради подобрување, стои во анализата.

Главен мотив за претприемачите кои по сопствен избор и желба отвораат фирма е можноста да бидат независни и да остварат поголем приход.

Како што рече Глигор Михаиловски од Македонската развојна фондација за претпријатија по претставувањето на ГЕМ, трговијата, градежништвото, деловните услуги, земјоделството и рударството се областите во кои најмногу се отвораат фирми.

Најчести причини, пак, поради кои бизнисите згаснуваат се непрофитабилноста и проблемите со финансирањето, според истражувањето спроведено на вкупно 2.003 испитаници, преку една третина, иако сметаат дека во земјава се добри можностите за почнување бизнис, тоа нема да го сторат зашто се плашат од неуспех.

Од анкетираните претприемачи, 12 отсто велат дека во следните пет години би вработиле преку 20 лица што е поразителна бројка во однос на останатите земји од регионот.

Македонската развојна фондација за претпријатија цени дека владиниата промоција на претприемништвото значително придонесе да се неутрализира влијанието од економската криза.

Глобално истражување за претприемништвото се спроведува во светски рамки.

Минатата година опфати 69 земји и повеќе од 198.000 испитаници. Добиените резултати се споредбени
што им помага на државите при креирањето на економските политики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП