18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови нарачки за Bombardier

Нови нарачки за Bombardier

bombardier154lkio

Канадската компанија „Bombardier“ потпиша договор за испорака на 10 бизнис авиони „Challenger“ во вредност од 280 милиони американски долари.

Управата на компанијата не го откри името на купувачот.

Договорот предвидува испорака на пет авиони „Challenger 300“ и пет авиони „Challenger 605“.

„Bombardier“ е еден од најголемите светски производители на бизнис авиони а најпознатите брендови се „Challenger“, „Global“ и „Learjet“.

Компанијата од Монтреал оваа година се соочи со острата конкуренција на се популарниот „Gulfstream“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП