4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMосква подготвува економска унија со поранешни советски републики

Mосква подготвува економска унија со поранешни советски републики

moscow

Официјална Москва подготвува создавање на економска унија со неколку поранешни советски републики.
Унијата на почетокот, покрај Русија, ќе ја сочинуваат уште и Белорусија и Казахстан, а се предвидува во оваа економска заедница да се приклучи и Украина.

Почетокот на работењето на Евроазиската економска унија, како што треба да биде официјалното име на оваа источна интеграција, е предвидено за 1 јануари 2015 година и таа, според замислата на креаторите, треба да го помогне побрзиот развој на сите нејзини членки.

Оваа унија на Истокот треба да биде замена за полабаво замислената Евроазиска царинска унија на Русија и уште седум поранешни советски републики.

Оваа претходна руска замисла требаше само да изгради систем за слободна трговија на членките од царинската унија со 28-те земји од ЕУ.

Нацрт документот за новата Евроазиска унија содржи детали за нејзиниот правен меѓународен статус, за нејзините оранизациони рамки, како и за механизмите за тоа како оваа нова интерграција ќе функционира.

Западот на неа гледа како на обид за контрирање на Европската унија, но и како обид на Москва да создаде некаква постсоветска економска унија во која Русија ќе го има главниот збор.

Во Москва ги отфрлуваат ваквите толкувања, а посебно дека станува збор за обнова поранешниот Советски сојуз на економска основа, објаснувајќи дека Евроазиската унија во некоја подалечна перспектива би може во своите редови да ги прими и Турција и Индија.

Русија засега настојува во оваа унија да се приклучи Украина врз која официјална Москва изврши силен притисок, заканувајќи се и со санкции кон Киев, ако го потпише договорот за асоцијација и за слободна трговија со ЕУ.

Украинските власти наместо со Брисел се спогодија со Москва, од каде добија 15 милијарди долари за покривање на неликвидноста на земјата и за одбегнување на нејзиниот банкрот.

Со договорот меѓу Москва и Киев е предвидено и намалување на цената на рускиот гас, кој за Украина сега е за една третина поевтин.

Проевропската украинска опозиција, меѓутоа, се противи на останување на нивната земја во „руската прегратка“ па бараат Киев, сепак, да го потпише договорот со ЕУ, што сега изгледа малку веројатно.

Тоа предизвика нова поделба на Украина, на прозападниот, националистички запад на оваа земја и на прорускиот исток, штои ннсистира на задржување на цврсти врски со Москва.

Високи руски функционери објаснуваат дека првите три членки на новата унија-Русија, Белорусија и Казахстан, се согласиле да се изврши притисок врз Ерменија и таа да биде дел од оваа источна интеграција.

Властите во Тбилиси кои потпишаа иницијална спогодба со ЕУ, сега се пред дилемата дали да продолжат по европскиот пат, или да се свртат кон Москва и да бидат дел од унијата што Русија ја создава.

Според неименувани руски функционери, Ерменија има шест месеци да се определи. Во меѓувреме, Москва ќе ја намали цената на рускиот гас за Ерменците, од сегашните 270 долари за илјада кубни метри, на 189 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП