28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија ја напаѓа „сивата“ економија

Словенија ја напаѓа „сивата“ економија

slovenijaljubljana1

Словенија во наредните три години сака да го преполови обемот на сивата економија, изјави словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан.

Тој очекува дека со преземените мерки Словенија веќе наредната година би можела да го зголеми државниот буџет за дополнителни 200 милиони евра.

Жидан е именуван за координатор на министерскиот тим кој под мотото „Вклучи го разумот-побарај сметка“, кампањата во јавноста и конкретните мерки, како и акцијата на инспекторите на терен, се бори против „сивата“ економија, пренесува агенцијата Франс прес.

Обемот на „сивата“ економија во Словенија според оценките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), изнесува 24 проценти од БДП.

Жидан нагласи дека во јули оваа година се воведени т.н. виртуелни даночни каси, кои ја намалуваат можноста за лажирање на прометот, а кои влијаеа и на подигнувањето на свеста кај граѓаните за штетноста на „сивата“ економија.

„Кај секоја законска регулатива која ја менуваме или донесуваме нова, секогаш се запрашуваме колку таа придонесува во борбата против „сивата“ економија“, изјави министерот, па нагласи дека во третиот квартал е наплатен 16,5 проценти, односно 86 милиони евра повеќе ДДВ отколку обично.

За кампањата против „сивата“ економија словенечката влада во 2013 година потроши 120.000 евра, а за наредната обезбеди 240.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП