1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Џонсон Контролс“ прва компанија која доби одобрение за овластен економски промотор

„Џонсон Контролс“ прва компанија која доби одобрение за овластен економски промотор

jonson-control

„Џонсон Конролос“ е првата компанија која денеска од Царинската управа доби одобрение за овластен економски оператор.

Одобрението значи дека компанијата ги исполнува условите за сметководствена и деловна евиденција за придржување кон даночните и царинските процедури и условите за контрола за безбедност, исто како Царинската управа да врши контрола.

– Ова се големи стандарди и оваа компанија по сите проверки се покажа дека ги исполнува овие услови, истакна директорот на Царинската управа Ванчо Каргов по денешното врачување на уверението на компанијата „Џонсон Контролс“.

Покрај ова одобрение, како што информира Каргов, во постапка се и други уверенија за овластени економски оператори.

Според Каргов, во Македонија има компании кои ги исполнуваат условите за вакво одобрение, но, како што нагласи, сето тоа треба да се провери и документира.

– Не се работи само за проформа, туку уверенијата треба да бидат оправдани и потврдени.Тоа е заради нас и заради компаниите, рече Каргов.

Одобренијата за овластен економски оператор немаат одредена важност, но подлежат на редовна ревизија што значи дека условите од уверенијата треба перманентно да бидат исполнети.

Концептот на овластен економски оператор е одамна промовиран од страна на Светската царинска организација и прифатен од многу држави и опфаќа подобности за овластен економски оператор во државата и надвор од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП