22 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's ги советува своите вработени: Не ги јадете нашите хамбургери и помфрит,...

McDonald’s ги советува своите вработени: Не ги јадете нашите хамбургери и помфрит, тие не се здрави!

mcdonalds15469

Американскиот ланец ресторани за брза храна „McDonald’s“ на своите вработени им остави чудна препорака на својата интернет страница, а таа гласи дека тие не треба да јадат хамбургери и помфрит, бидејќи тие не се здрави.

На интернет страницата на „McResource“, наменета за вработените во „McDonald’s“, која и претходно даваше чудни совети, како на пример, како да составите крај со крај ако заработувате 7,25 долари на час, сега на вработените им препорачува да избегнуваат да ги јадат нивните производи бидејќи тие се опасност за нивното здравје.

За да ја илустрираат разликата помеѓу „нездраво“ и „здраво“, на интернет страницата поствена е слика од еден оброк од „McDonald’s“ и еден од нивнот конкурент – компанијата „Subway“, односно сендвич со салата и чаша вода.

„Брзата храна е брза, со разумна цена и нуди алтернатива за локалната кујна. Таа е погодна и економски прифатлива за брзиот ритам на животот, но таа има многу калории, маснотии, шеќери и сол, со што луѓето се изложени на ризик од дебелеење“, гласи советот на компанијата до своите вработени.

На страницата вработените, исто така, се советуваат, наместо хамбургери да се хранат со здравите салати, супи и зеленчуци за да го задржат своето здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП