2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГлоба од 20 милиони долари за Apple во Тајван

Глоба од 20 милиони долари за Apple во Тајван

apple taiwan

Владата на Тајван ја казни компанијата „Apple“ во износ од 20 милиони долари поради кршење на законот за фер трговија, поради начинот на кои се формирани локалните цени на „iPhone“.

Локалната комисија за трговија соопшти дека локалниот огранок на „Apple“ во Тајван влијаел на цените и стапките на плаќање на три локални оператори, и покрај продажбата на правата за дистрибуција.

Истражувањата покажале дека „Chunghwa Telecom“, „Far Eastone Telecommunication“ и „Taiwan Mobile“ морале да го предадат својот планиран ценовник за да биде одобрен од „Apple“, пред новите модели да пристигнат на пазарот.

„Apple“ исто така од овие компании барала да ги сменат или адаптираат цените. Со ова „Apple“ ги лиши операторите од слободата да одлучуваат за цените, засновани од нивните сопствени структури и конкурентната ситуација на пазарот. На тој начин овој технолошки гигант го прекршил законот за трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП