19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P ги зголеми прогнозите за Украина

S&P ги зголеми прогнозите за Украина

ukraina458799898989

Американската бонитетна агенција „Standard & Poor`s“ денес ја зголеми прогнозата за рејтингот на Украина од „негативна“ на „стабилна“.

„S&P“ оценува дека рускиот пакет за помош, во износ од повеќе милијарди долари, би требало да му помогне на Киев во покривањето на трошоците во надворешните финансирања.

Со оглед на најновите промени на прогнозата, мали се шансите „S&P“ дополнително да го намали кредитниот рејтинг на Украина од „В-“ на „В“, кој и понатка е длабоко во неинвестициски статус, пренесува агенцијата Франс прес.

Според соопштението на „S&P“, инекцијата капитал од 15 милијарди долари – што е околу осум проценти од проектираниот БДП на Украина за 2014 година, би требало да ги покрие владините потреби за надворешните финансирања во наредната година.

„S&P“, исто така, соопшти дека повеќе не очекува девалвација на украинската гривна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП