20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ395 милиони долари отштета за неточни податоци за потрошувачката

395 милиони долари отштета за неточни податоци за потрошувачката

kia hyundai

Корејските производители на автомобили, „Hyundai“ и „Kia“, ќе платат вкупно 395 милиони долари (oколу 288 милиони евра) на купувачите во САД, поради тоа што при продажбата на своите модели прикажале неточни податоци за нивната потрошувачка.

До споменатата сума е дојдено преку договор, откако сопствениците на автомобили поднеле заедничка тужба против „Hyundai“ и „Kiа“.

Според договорот е предвиден надомест за околу 900.000 сопственици кои меѓу 2010-та и 2012-та година на американскиот пазар купиле некои од спорните модели на овие два производители. Меѓу нив се 600.000 купувачи на „Hyundai“ и 300.000 купувачи на „Kiа“.

Иако станува збор за голема сума на пари, се проценува кога ќе се одбијат трошоците, просечниот износ кој ќе го добие секој од сопствениците изнесува околку 320 долари (234 евра).

Останува да се види колкав ќе биде бројот на купувачи кои ќе се одлучат за овој вид на еднократна отштета, со оглед дека компаниите понудиле и други видови на надоместок, вклучувајќи и платежна картичка со која корисникот би ја плаќал разликата во цената меѓу количината на гориво која навистина ќе ја потроши и онаа која производителот ја споменал во спецификациите на автомобилот.

Да потсетиме, двете компании во периодот од 2010 до 2012-та пријавиле пониска просечна потрошувачка на надлежните институции за скоро третина од своите модели, а со тие вредности сакале да привлечат повеќе купувачи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП