13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYouTube ќе плаќа данок во Франција?

YouTube ќе плаќа данок во Франција?

youtube154mn

Високиот совет на радиодифузната агенција во Франција предлага специјален данок за работата на интернет сервисите за размена на видео содржина како што е „YouTube“ и „Dailymotion“.

Целта е овие медиумски гиганти да се натераат да придонесат за француската култура.

Во извештајот на ЦСА, се вели дека споменатите сајтови спаѓаат во иста категорија во која е и сервисот „видео на барање“, така што и тие би требалo да потпаѓаат под Законот за заштита на француската култура, кој од дистрибутерите бара со еден дел од своите приходи да помогнат за субвенционирање на продукцијата“, наведува Агенцијата.

Поради тоа, Советот бара од Владата да направи студија за тоа колкави се приходите на овие сајтови од професионалната продукција и да одреди колкав данок би требало тие да плаќаат.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП