2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалта ја зголеми цената на својот пасош

Малта ја зголеми цената на својот пасош

P

Владата на Малта го ревидираше првичниот план да го продава своето државјанство, односно државјанството на ЕУ, за 650.000 евра, пренесуваат медиумите.

Од сега оние кои го сакаат нејзиниот пасош ќе мора во оваа земја да инвестираат 1.15о.ооо долари, но нема да имаат обврска да ги исполнуваат другите досегашни услови.

Во иднина новите граѓани на оваа земја ќе мораат, покрај првично предвидените 650.000 евра, во имот да вложат уште 350,000 евра и да потрошат дополнителни 150.000 на обврзници или акции во текот на првите пет години.

Но сепак, владата на Малта нема така лесно да ги дели своите пасоши – бројот на овие документи е лимитиран на 1,800 со задолжително објавување на имињата на оние кои добиле државјанство со цел да се намали бројот на оние лица кои аплицираат за државјанство додека од некоја друга земја бегаат од законот.

Процедурата за издавање на пасош ќе трае меѓу шест месеци и две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП