2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуски кредит за Белорусија

Руски кредит за Белорусија

rusijabelorusija

Русија во 2014 година ќе и даде на Белорусија кредит од две милијарди долари, најави рускиот претседател Владимир Путин на седницата на Високиот државен совет.

Тој објасни дека на Белорусија ќе и биде даден дополнителен кредит „во врска со она што се случува на светските пазари“, пренесува агенцијата Франс прес.

Министерот за финансии на Русија Антон Силуанов изјави дека кредитот на Белорусија ќе и биде даден во вид на меѓудржавен кредит со рок на отплата од десет години.

Средствата, според него, ќе бидат обезбедени од федералниот буџет но и од други извори, но не и од Фондот за национална благосостојба.

Истовремено министерот за економски развој, Алексеј Улјукаев, изјави дека износот на кредитот за Белорусија може да биде околу 1,5 милијарди долари.

Белорусија во 2011 година доби кредит од три милијарди долари од антикризниот фонд на Евроазискиот економски совет, кој го контролира Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП