6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделување на првите одобренија за овластен економски оператор

Доделување на првите одобренија за овластен економски оператор

carina-kargov

Царинската управа на Република Македонија денеска ќе додели одобрение за oвластен економски оператор, што ќе и овозможи на компанијата да го врши сама царинењето.

Добивањето на одобрението значи дека ќе има повластици во однос на царинењето, контролата, добивањето на какви било други одобренија од страна на царината.

Царината најави дека до крајот на оваа година треба да издаде најмалку две до три овластици. Придобивките ќе бидат што ќе се намалат можностите од контроли и процедури за компаниите кои имаат голема фреквенција на царинење.

На компаниите ќе им се намалат трошоците, а тие ќе можат да го контролираат и времетрањето на испорака на
стоката.

Компаниите кои ќе добијат одобрение за овластен економски оператор треба да имаат развиени интерни контролни системи.

Концептот на овластен економски оператор е одамна промовиран од страна на Светската царинска организација и прифатен од многу држави и опфаќа подобности за овластен економски оператор во државата и надвор од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП