1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлјадници луѓе во целиот свет останаа без божикни подароци поради доцнење во...

Илјадници луѓе во целиот свет останаа без божикни подароци поради доцнење во „ФедЕкс“ и „Ју-пи-ес“

hybrid_electric_truck_fedex

Илјадници луѓе во целиот свет останаа без божикни подароци поради доцнење во големите американски курирски служби „ФедЕкс“ и „Ју-пи-ес“.

Компаниите го објаснија доцнењето во испораките со огромниот број порачки во он лајн продавниците, како и со лошите климатски услови во почетокот на седмицата во голем дел од територијата на САД.

„Ју-пи-ес“ вложува огромни напори да ги достави порачките што е можно побрзо.

Количеството на пратки што требаше да ги доставиме до Божик, ги надмина нашите логистички можности, поради што пратките доцнат, се вели во изјава на „Ју-пи-ес“.

Слично соопштение објави и „ФедЕкс“. Според претставници на „ФедЕкс“, од Денот на благодарноста, што се одбележува последниот четврток на ноември, до Божик службата обработила околу 275 милиони пратки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП