8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАCitibank: Јуанот ќе ослабне

Citibank: Јуанот ќе ослабне

juan154lko

Кинескиот јуан во наредните две години најверојатно ќе загуби наместо да добие на вредност, оценува „Citibank“.

До слабеење на јуанот ќе дојде поради спориот економски раст и финансиските реформи во Кина, изјави шефот на истражувачкото одделение на „Citibank“ во Кина, Шен Мингао, на конференцијата во Шангај.

„Неодамнешниот прилив на капитал во Кина и арбитражните трансакции придонесоа за забрзаниот скок на вредноста на јуанот“, изјави Шен.

Оваа ситуација, сепак, според зборовите на Шен, би можела да биде со краток век, бидејќи Кина презема мерки за реформирање на домашниот финансиски пазар, а најзиниот економски раст во наредните две години би можел дополнително да забави.

„Слабиот економски раст би можел да и користи на Кина на долг рок“, порача Шен, кој предвидува дека растот на БДП на Кина во 2014 година ќе изнесува 7,5 проценти.

Шен, исто така, истакна дека финансиските реформи и неизвесноста околу растот на извозот можат да влијаат на дополнителното забавување на економскиот раст на Кина во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП