3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на BH Telecom за 2013-та изнесува 70 милиони евра

Добивката на BH Telecom за 2013-та изнесува 70 милиони евра

bhtelecom-mostar

Компанијата „BH Telekom“ 2013-та година ќе ја заврши со приход од 597 милиони конвертабилни марки (305 милиони евра) и со добивка од 70,3 милиони евра.

И покрај падот во добивката за седум проценти и на прходите за 2.5 проценти во однос на 2012-та, во управата на компанијата резултатите ги сметаат за успешни со оглед на глобалното движење на пазарот.

„BH Telekom“, која е во мнозинска сопственост на државата, во 2013-та година загуби скоро 25.000 претплатици, но затоа доби 20.000 нови корисници на интернет, истакуваат од компанијата.

Покрај нешто повеќе од 437.000 претплатници на фиксната телефонија, мобилната мрежа на „BH Telekom“ ја користат повеќе од 1.5 милиони претплатици и „при-пејд“ корисници.

„BH Telekom“ со тоа ја задржа позицијата на водечки оператор во БиХ, затоа што има повеќе од 50 проценти од вкупниот број на корисници и 44 проценти од корисниците на мобилната телефонија.

Според податоците кои ги потврди Регулаторната агенција за комуникација на БиХ, тоа значи дека вкупниот удел на пазарот на „BH Telekom“ е околу 48 проценти.

Компанијата „M:tel“ контролира околу 35 проценти од пазарот во БиХ, додека „HT Eronet“ има удел од околу 13 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП