6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоедноставени постапките за поврат на ДДВ за увоз на стока

Поедноставени постапките за поврат на ДДВ за увоз на стока

ddv

Царинската управа и Управата за јавни приходи воспоставија нов ИТ систем со кој се олеснуваат постапките за поврат на ДДВ за увоз на стока.

Тоа значи дека отсега компаниите повеќе нема да мораат во Управата за јавни приходи да ги доставуваат документите за увоз на стока во постапките за поврат на ДДВ.

Досега од компаниите се бараше одредени документи издадени од Царината да ги достават во хартиена форма до УЈП, но со новиот систем даночниците ќе можат да ги следат податоците од тековните системи на Царинската управа за одобрено одложено плаќање на ДДВ, за извршен увоз и извоз, од Единствен царински документ, за список на Единствен царински документ (ЕЦД) и за регистриран излез на стоки од државата.

Податоците добиени преку електронската размена со царинските власти, УЈП ќе ги користи при утврдување, наплата и поврат на ДДВ, во постапката на канцелариска и инспекциска контрола кај даночни обврзници и при водење на посебни постапки, утвдување на ризици, анализа на податоци за потреби на менаџерски извештаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП