6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈапонската SoftBank го купува американскиот T-Mobile

Јапонската SoftBank го купува американскиот T-Mobile

softbank45lkop

Јапонскиот мобилен оператор „SoftBank“ планира преку својата подружница „Sprint“ да го преземе американскиот „T-Mobile“, со што би бил формиран вториот најголем светски мобилен оператор според приходите, зад „China Mobile“, јавуваат денес јапонските медиуми.

„SoftBank“ има намера на почетокот на наредната година да го купи мнозинскиот удел во „T-Mobile“, во рамките на трансакцијата од повеќе од две илјади милијарди јени (19 милијарди долари), пишува јапонскиот деловен дневник Никеи.

Според изворот кој е запознаен со ситуацијата, јапонската компанија е во последните фази на преговори со германскиот „Deutsche Telekom“, компанија мајка на „T-Mobile“.

Со ова купување, годишните приходи на „SoftBank“ групацијата од мобилната телефонија ќе се зголемат на 69,4 милијарди долари, со што таа ќе стане вториот најголем мобилен оператор на светот според нивото на приходи, веднаш зад „China Mobile“ која има приходи од 90,4 милијарди долари.

Јапонската компанија започна со преговорите со американските финансиски институции со цел добивање на кредит за финансирање на најавената трансакција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП