2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAcer го избра новиот Извршен директор

Acer го избра новиот Извршен директор

jason-chen

Компанијата „Acer“ го избра човекот кој ќе ги спроведе потребните реформи.

Џејсон Чен е новиот Извршен директор на „Acer“. Позицијата како водечки човек на компанијата тој ја наследи од ЏТ Ванг кој во ноември си замина од „Acer“.

Основната задача на новиот „CEO“ во „Acer“ ќе биде запирање на падот кој компанијата го бележи на пазарниот удел, т.е. во финансиите. Според зборовите на претседателот на „Acer“, Стен Ших, Чен е одличен менаџер со богато искуство и докажани способности за спроведување на промени. Во него сите ја гледаат вистинската личност која е способна да ја спроведе потребната трансформација во „Acer“. Компанијата за третиот квартал пријави загуба од 446 милиони долари, а најави и отпуштање на 7 проценти од работната снага.

Чен пристигнува од тајванскиот производител на чипови „TSMC“, каде ја извршуваше должноста потпретседател на одделот за продажба и маркетинг на глобалниот пазар. Тој претходно работеше и во „Intel“, исто така во одделот за продажба и маркетинг, а пред тоа беше дел и од „IBM“. Од први јануари Џејсон Чен и официјално ќе започне со работа во „Acer“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП