4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗбогум за Лада Самара

Збогум за Лада Самара

lada samarata

Како што беше најавено кон крајот на ноември, компанијата „AvtoVAZ“ во вторникот 24-ти декември, го произведе последниот модел од семејството Самара – хечбек со пет врати. Така, по 30 години на производство во историјата замина уште еден легендарен руски автомобил.

Од декември во 2012-та престана производството на Самара седан, а во текот на летото 2013-та и на хечбекот со 3 врати, па својот крај го дочека и хечбек верзијата со 5 врати.

Лада Самара почна да се произведува уште во советската ера, во 1984-та година и тоа беше првиот сериски автомобил на „Avtovaz“ со погон на предните тркала. Во текот на трите децении од своето производство, овој модел беше произведен во 5,2 милиони примероци.

Во доцните осумдесетти и раните деведесетти години на минатиот век овој модел добро се продаваше во поранешна Југославија, но беше присутен и на пазарите во Западна Европа. Иако во неколку наврати беше редизајнирана, Лада Самара и до денес остана со карактеристичната силуета и речиси непроменетиот изглед.

Сепак, времето си го зема својот данок, и популарноста на веќе застарениот автомобил опадна и во Русија. Во оваа земја во 2012-та година беа продадени околу 68.000 примероци од моделот Самара.

Како замена на Самара доаѓа Лада Гранта, хечбек модел кој ќе започне да се произведува во 2014-та година во фабриката во местото Ижевск.

Вашите сеќавања за Лада Самара и искуството со овој автомобил, можете да ги споделите во коментарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП