6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAвтомобил за мајки со бебиња

Aвтомобил за мајки со бебиња

mama up

Чешкиот огранок на „Volkswagen“ со помош на партнерските компании дизајнираше специјална верзија на моделот „Up!“, која е наменета за мајките кои ги возат своите бебиња во автомобил.

Концептот наречен „Mama Up!“ е заснован од верзијата со пет врати на најмалиот модел на „Volkswagen“.

mama up1

Автомобилот е опремен со содржини кои ќе им помогнат на мајките со бебињата. Тука пред се е специјалното седиште за новороденчиња, кое се наоѓа позади во автомобилот.

Наместо сувозачкото седиште, инсталирано е столче со држачи за бебешки шишенца и други неопходни намирници.

mama up2

За дизајнот на надворешноста беше задолжена компанијата „WrapStyle“ која на автомобилот залепи бела фолија со розеви детали.

Компанијата „OZ“ го опреми концептот со специјални бели алуминиумски бандажи, додека изгледот на ентериерот кој е покриен во бела и розева кожа е дело на „Carlex Design“.

mama up3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП