18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина предвидува раст од 7,5 проценти

Кина предвидува раст од 7,5 проценти

kinaparlament15478

Кина за наредната година предвидува економски раст од 7,5 проценти.

Растот на БДП во Кина во наредната година би требало да биде поттикнат од силниот раст на извозот благодарение на зголемената побарувачка во развиените земји.

Еден од приоритетите на Пекинг е балансирање на кинеската економија поради поттикнување на потрошувачката и развој на секторот за услуги. Економскиот раст на Кина досега се базираше пред се на извозот и инвестициите.

Планираниот процес би требало да поттикне долгорочно оживување на стабилниот економски раст.

Кинеските официјални лица сметаат дека планираниот економски раст за наредната година од 7,5 проценти не ги доведува во прашање саканите реформи, но е поттикнувачки за отворањето на нови работни места.

Главните цели на кинеската економија за 2014 година ќе бидат претставени од страна на владата, за време на годишната седница на парламентот, која е предвидена за месец март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП