11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Кипар е на добар пат

ММФ: Кипар е на добар пат

kipar15468

Напорите на Кипар да го реши проблемот со огромниот јавен долг би можеле да се одразат врз економијата и во следната деценија, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Кипар, во замена за финансиска помош од ММФ и ЕУ започна тригодишна програма за штедење откако речиси банкротираше во март оваа година.

ММФ наведува дека програмата добро напредува и дека рецесијата, иако сериозна, не е толку длабока како што се очекуваше, благодарение на скромното економско закрепнување на еврозоната, кое го поттикна извозот од Кипар.

Фoндот на почетокот на декември ја намали прогнозата за економскиот пад на Кипар на 7,7 од 8,7 проценти, задржувајќи ја прогнозата за кумулативниот пад на БДП во 2013 и 2014 година од 13 проценти.

Кипарскиот БДП веројатно ќе се намалува со побрзо темпо во однос на другите земји од еврозоната кои примија пакети помош, пред се поради високата задолженост на домаќинствата и компаниите, чиј комбиниран долг на крајот на 2012 година изнесуваше 280 проценти од БДП, што е еден од најголемите во еврозоната.

„Раздолжувањето ќе претставува товар по економскиот раст во наредните 10 години“, наведува ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП