3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците се уште чуваат милијарди во германски марки

Германците се уште чуваат милијарди во германски марки

marka

Германската банка е надвор од оптек повеќе од 12 години, но Германците се уште чуваат банкноти и монети од оваа валута со вкупна вредност од неколку милијарди марки, соопшти во Франкфурт германската федерална банка Бундесбанк.

Според податоците на Бундесбанк жителите на земјата задржале околу 170 милиони банкноти во германски марки, како и околу 240 милијарди монети од поранешната национална валута. Нивната вкупна номинална вредност надминува 13 милијарди марки, односно околу 6,67 милијарди евра.

Луѓето најмногу чуваат монети, посочува банката. По преминувањето на Германија на еврото во 2001 година незаменети останале околу 4 проценти од германските марки во банкноти и околу 55 отсто во монети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП