ПочетнаЕКОНОМИЈАИсплатена првата транша од руската помош за Украина

Исплатена првата транша од руската помош за Украина

azarov154

Украина денас ја доби првата транша од руската финансиска помош во износ од три милијарди долари, изјави украинскиот премиер Микола Азаров.

„На сметката на Националната банка на Украина е уплатена првата транша од договорената помош со Русија. Тоа за нас е фактор за стабилизација на нашата земја“, изјави Азаров на состанокот со рускиот колега Димитриј Медведев во Москва, пренесува агенцијата Франс прес.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела се согласи за купување на 15 милијарди долари вредните обврзници на Украина, во рамките на договорот наменет за ублажување на финансиската криза во таа земја.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП