3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФирмите да се приспособат за електронско пријавување на даноци

Фирмите да се приспособат за електронско пријавување на даноци

ujp

Даночните обврзници задолжително ќе треба да ги достават даночниот биланс и извештаи пропишани со Законот за персоналниот данок на доход по електронски пат до Управата за јавни приходи.

Ова е согласно Предлог-измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, кој е во завршна фаза во собраниска процедура.

Од Управата за јавни приходи од таа причина, препорачуваат уште отсега да се приспособат и да ги користат придобивките од електронската комуникација и поднесувањето на даночни пријави и други обрасци до УЈП преку системот за е-Даноци.

Постапката на регистрација кон новиот систем на е-Даноци се врши преку веб страницата
https://etax-fl.ujp.gov.mk/.

За успешна регистрација и користење на е-Даноци потребно е даночниот обврзник да има дигитален сертификат зачуван на сигурносен уред токен (издаден од овластена куќа: Македонски Телеком или КИБС), Интернет и електронска пошта пријавена во Централен регистар на РМ.

Електронските даночни услуги, овозможува намалување на времето и трошоците потребни за поднесување даночни формулари, постојан увид за состојбата на даночните плаќања и долговите евидентирани во УЈП, да ги запазат законските рокови за пријавување данок преку користење на електронскиот систем кој ви е на располагање он-лине 24/7.

Од УЈП наведуваат дека електронските даночни услуги овозможуваат висок степен на безбедност и сигурност на личните и деловните податоци на даночниот обврзник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП