25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДокапитализација на Gorenje во висина од 16,71 милиони евра

Докапитализација на Gorenje во висина од 16,71 милиони евра

gorenjee

„Gorenje“ заврши со втората докапитализација во оваа година – откако „Panasonic“ во септември ја докапитализираше Групата со 9,68 милиони евра (2.320.186 нови редовни акции по цена од 4,31 евро за акција), „Gorenje“ во втората докапитализација планираше да собере дополнителни 45 милиони евра свеж капитал, со издавање на најмногу 10.440.835 редовни акции по цена од 4,31 евра.

Втората докапитализација траеше до 17 декември, а акциите освен на постоечките акционери и вработени, им беа понудени и на трети лица, однонсно на инвеститори во Полска и Словенија.

Во овој круг се собрани вкупно 16,71 милиони евра свеж капитал, кои ќе бидат употребени за понатамошен развој на работењето, но и за отплатата на долговите.

„Gorenje“ до крајот на годината планира да преземе и дополнителни мерки со цел да овозможи полесен пристап за странските инвеститори.

Бидејќи со докапитализацијата се собрани само 37 проценти од вкупните планирани средства, цената на акциите е намалена за 1,20 проценти на 4,10 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП