2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Прада може да потфрлат

Приходите на Прада може да потфрлат

prada mada

Италијанската модна куќа Прада соопшти дека приходите од работењето во 2014-та година би можеле да потфрлат во однос на очекувањата.

Неповолното движење на валутите и слабата побарувачка на луксузни стоки во Европа и Азија се рефлектираше на профитот во третиот квартал.

Аналитичарите кои учествуваа во истражувањето на Блумберг, претходно предвидоа дека приходите на Прада во една година заклучно до јануари ќе се зголемат на 3,7 од 3,3 милијарди евра од претходната фискална година.

Прада е само еден од европски производители на луксузни стоки, вклучувајќи ги „LVMH“ и Гучи, кои објавија забавување на растот на приходите кој се должи на падот во побарувачката во Кина и јакнењето на еврото во однос на другите валути, вклучувајќи го и јапонскиот јен, пренесува Блумберг.

Оваа модна куќа на крајот на октомври имаше 516 продавници ширум светот и до крајот на 2015-та година планира да отвори уште 80 нови продавници. Компанијата во девет месеци заклучно со октомври, 86 проценти од приходите ги оствари во своите продавници.

Прада во трите месеци со октомври забележа нето добивка од 132.6 милиони евра, 8,6 отсто повеќе отколку во истиот квартал од минатата година. Солидната продажба во САД и Јапонија го надокнади послабиот раст во Европа и Кина, соопшти компанијата. Приходи од продажбата на оваа луксузна модната куќа пораснаа во третиот квартал и тоа за 7,1 проценти  или на 848 милиони евра.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП