23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната инфлација во Белгија изнесува 1,11 проценти

Годишната инфлација во Белгија изнесува 1,11 проценти

belgija

Годишната инфлација во Белгија оваа година ќе достигне 1,11 проценти, што е пад во однос на минатогодишните 2,84 проценти, соопшти белгискиот економски институт СПФ.

Инфлацијата во Белгија во 2011 година изнесуваше 3,53 проценти, пренесуваат белгиските медиуми.

Индексот на потрошувачките цени во декември во Белгија се зголеми на 122,84 поени, што е за 0,20 поени повеќе во однос на тој во ноември.

Инфлацијата во декември е зголемена од ноемвриските 0,81 проценти нa 0,91 проценти, остварувајќи на овој начин четврти месец по ред помало ниво од еден процент.

Растот на инфлацијата во декември е поттикнат од поскапувањето на горивата, свежиот зеленчук, туристичките аранжмани во земјата и странство, електричната енергија и цената на цвеќето.

Од друга страна, во наведениот период забележано е намалување на цените кај телекомуникациските услуги и свежото овошје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП