12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНајмоќниот маркетинг потег е да ја раскажете Вашата приказна!

Најмоќниот маркетинг потег е да ја раскажете Вашата приказна!

What is your story?

Дури и малите бизнис може да креираат моќни, значајни и искрени бреднирани пораки.

Компаниите секогаш се обидуваат да создадат совршена маркетинг алатка – алатка која ќе го направи брендот историја, која ќе  генерира успех за своите производи, и ќе ги направи тие производи да бидат постојан дел од животот на купувачите.

Големите компании го имаат луксузот на фрлање илјадници долари за рекламирање, но малите компании ретко кога можат тоа да си го дозволат. Најмоќниот маркетинг потег кој една мала компанија може да го направи е да ја раскаже нејзината приказна.

Раскажете ја приказната на Вашата компанија

Секој сака да ја знае приказната позади приказната, посебно кога има некој херој вклучен во истата приказна. Раскажете што и како се случило при создавањето на вашата компанија. Доколку во сето тоа предизвикате емотивни емоции кај слушателите, верувајте дека сте ги освоиле.

Раскажете ја приказната за Вашиот производ

Раскажете на кој начин и како настанал Вашиот поизвод, кој бил главниот поттик за тој да биде создаден и на кој начин течел процесот на создавање. Кој учествувал во тој процес и нормално за што е наменет тој производ, односно кои се неговите квалитети кои ги нема кај другите производи.

Раскажете ја Вашата лична приказна

Ако Вашиот бизнис е базиран на услуги, Вашата лична приказна зошто го правите тоа што го правите, не само што ќе привлече внимание, туку и ќе биде сведоштво за Вашата стручност.

Кажете им на Вашите клиенти како ја започнавте приказната

Запознавањето на потрошувачите со Вашата приказна може да биде исто толку важно колку и запознавањето со Вашиот производ. Вашите потрошувачи може емотивно да се поврзат со вашиот бренд, односно да го засакаат, а сето тоа е резултат на вашата приказна.

Наредниот пат кога ќе сакате да ги поткупите Вашите потрошувачи, мислете надвор од рамките на Вашите производи и запомнете дека фактите се забележуваат, а приказните се паметат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП