19 април, 2024
ПочетнаКРАТКИ ВЕСТИ СВЕТКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Со донесувањето на новиот правилник за декларации, сите производители можат на амбалажата на соковите да стават слики на овошје, дури и кога неговиот удел е исклучително низок, јавува РТС. До сега на овој начин можеа да се рекламираат само овошните сокови и нектарите, најквалитетни во оваа категорија на производи, а потрошувачите го памтат и периодот во кој примамливи слики на овошје беа прелепувани со недефинирани облици поради прописите. Сега надлежните велат дека целта на овој правилник е пружање на точни информации за составот, својството и потеклото на производот.

Белград – Банка Интеза и Интеза лизинг потпишаа со ЕБРД договори за кредитни линии во вкупна вредност од 25 милиони евра, соопшти Интеза. Банка Интеза ка ЕБРД обезбеди кредитна линија од 10 милиони евра за финансирање на проект за развој на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на приватни компании и локалните самоуправи.

Белград – Премиерот Ивица Дачиќ вели дека Србија мора да создаде услови дијаспората повеќе да инвестира во земјата, а не таму да испраќа пари во вид на дознаки како што е сега случај.

Загреб – Хрватска од стекнувањето на независноста постигна најслаби стопански резултати меѓу осумте поранешни социјалистички држави кои сега се членки на ЕУ. Од 1990 година до 2012 година хрватскиот БДП порасна само 7,9 отсто, пишува ријечкиот весник Нови лист, повикувајќи се на истражувањето објавено во списанието Економија, во издание на загрепскиот економски факултет. За споредба, Полска во истиот период својот БДП речиси дупло го зголеми. Со други зборови, хрватското стопанство во комунистичкиот систем растеше по просечна стапка од 5 отсто годишно, а во последните 22 години само 0,7 отсто.

Загреб – Горивата во Хрватска на полноќ ќе поевтинат, а тоа ќе биде последен пат во таа земја да дојде до контролирана, двонеделна корекција на цената на нафтените деривати. Како што јави ХРТ, најпродаваниот бензин во Хрватска, еуросупер 95 ќе поефтини за 10 липи и ќе чини 10,16 куни, додека евродизелот ќе биде поефтин за 13 липи и ќе чини 9,75 куни. Правилникот за утврдување на највисоките малопродажни цени на деривати наскоро ќе биде укинат, а од 1 јануари нафтените компании во Хрватска самите ќе одлучуваат за цените, без никакви ограничувања.

Загреб – Околу 79 отсто граѓани на Хрватска сметаат дека таа земја до 2025 година ќе го усвои еврото, 51 отсто веруваат дека ЕУ ќе овозможи позитивни ефекти од глобализацијата.

Берн – Швајцарската компанија Своч однесе победа над американскиот производител на луксузен накит Тифани во спорот околу пропаднатата заедничка компанија за дизајн на луксузни часовници. Според пресудата на Арбитражниот институт на Холандија, Тифани е должна да исплати на Своч компензација од 402 милиони франци (327 милиони евра), се наведува во соопштението на швајцарската компанија, а пренесе Франс прес. Своч ја тужеше американската компанија за попречување на заедничкиот проект во 2007 година.

Лондон – Компанијата Њуз корп на медиумскиот магнат Руперт Мардок, ја купи Сторифул ирска новинска агенција специјализирана за вести од социјалните мрежи, јавува Би-Би-Си. За купувањето на Сторифул со седиште во Даблин, Њуз корп издвои 25 милиони долари.

Дубаи – Компанијата Емирејтс ерлајнз потпиша договор со Ербас за купување на дополнителни 50 авиони А380, што е договорено во текот на аеро-митингот во Дубаи. Како што се наведува во соопштението на Ербас, договорот е финализиран во текот на посетата на претседателот на Емирејтс ерлајнз Тим Кларк на седиштето на Ербас во Тулуз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП