2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром и Винтершел го менуваат имотот

Газпром и Винтершел го менуваат имотот

dogovor gazprom

Директорот на Газпром, Алексеј Милер и претседателот на надзорниот одбор на германската Винтершел, Харалд Швагер, потпишаа договор за размена на имот.

Како резултат на договорот, Газпром ќе го зголеми на 100 отсто (од сегашните 50 отсто) својот удел во заедничките компании за тргување и складирање на гас во Европа, „WINGAS“, „Wiehe“ и „WIEE“, а исто така ќе добие 50 отсто од акциите во „WINZ“, која врши истражување и експлоатација во Северното Море.

Винтершел за возврат ќе добие удел од 25 отсто од економското учество во проектот за развој на секторот 4А и 5A на ачимовските депозити во Урегонското наоѓалиште на кондензирана нафта и гас.

Договорот за размена на имотот на 4-ти декември го одобри Европската комисија.

Побарувачката за руски гас во Европа постојано расте. Зголемувањето на присуството на Газпром на пазарот на големо, како и потенцијалните придобивки за крајните потрошувачи, значително ја зајакнува позицијата на Газпром, не само во Германија, туку и во другите европски земји.

„Со договорот со нашиот германски партнер, се отвори пристап до ветувачки проекти во Северното Море. Ова е одлична можност за раст на компанијата“, изјави Алексеј Милер.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП