12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Сенатот го усвои буџетот

Италија: Сенатот го усвои буџетот

italijaitaita548

Италијанскиот Сенат конечно го усвои буџетот за 2014 година, чија цел е да се стави крај на социјалната криза во која земјата се наоѓа и покрај излезот од рецесијата.

Владата во Рим наведува дека буџетот претставува пресврт во однос на трендот на заштеда од претходните години, но критичарите, вклучувајќи ги синдикатите и здруженијата на работодавачи, предупредуваат дека тоа нема да биде доволно за да се стимулира економскиот раст, пренесува агенцијата Франс прес.

Буџетот за 2014 година, изгласан со 167 гласови за и 110 против, вклучува мерки за поттикнување на компаниите да вработат нови лица, поголеми даноци за повисоки пензии и воведување на нова шема на бенефиции за невработените.

Италијанската економија, трета по големина во еврозоната, во третиот квартал заврши со рецесијата која траеше две години со нула економски раст, но невработеноста сеуште е рекордно висока, а илјадници компании ставија клуч на врата поради кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП