2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија очекува буџетски дефицит до 0,6 проценти од БДП

Русија очекува буџетски дефицит до 0,6 проценти од БДП

rusija2

Приходите во државниот буџет на Русија за 2013 година би требало да изнесуваат 12,9 милијарди рубљи (285 милијарди евра), а расходите 13,3 милијарди рубљи (295 милијарди евра).

На тој начин, според министерот за финансии Антон Силуанов, планиран е дефицит од околу 400 милијарди рубљи, што е од 0,5 до 0,6 проценти од бруто домашниот производ (БДП), пренесува Интерфакс.

Министерот, исто така, додаде дека дефицитот надвор од полето на нафтата и гасот ќе остане над 10 проценти или 10,2 проценти од БДП.

Сепак, тој е малку помал во споредба со претходната година кога изнесуваше 10,4 проценти од БДП.

Силуанов изјави дека задржувањето на тој дефицит во долгорочна перспектива создал нестабилна ситуација со буџетот и затоа е планирано тој да се намали на 9,4 проценти во 2014 година, а на 8,4 проценти од БДП во 2016 година.

За периодот јануари-ноември, според податоците на Министерството за финансии, буџетот е реализиран со суфицит од речиси 600 милијарди рубљи или еден процент од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП