
Саудиска Арабија објави дека го донела државниот буџет за 2014 година од рекордни 228 милијарди долари.


Саудиска Арабија објави дека го донела државниот буџет за 2014 година од рекордни 228 милијарди долари.
Овогодинешниот буџет изнесува 228,8 милијарди, пренесува државната телевизија Ел-Екбарија.
Оваа земја, која е најголем извозник на нафта, предвидува дека во нејзиниот буџет за наредната година расходите нема да бидат поголеми од приходите.
Така, предвиден е буџетски суфицит од 54,9 милијарди долари на крајот на 2014 година.