4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаучници открија ген одговорен за срцев удар

Научници открија ген одговорен за срцев удар

Heart-Disease-Screening

Група американски истражувачи открија ген одговорен за срцев удар.

Во научното списание „ПЛОС Оне“ објавено е дека група научници од САД откриле генетска мутација која предизвикува проблеми со ситемот на крвни садови, па дури и прерана смрт.

Американски научници од Универзитетот Дјук тврдат дека таквата генетска промена предизвикува висок крвен притисок, високо ниво на холестерол, дијабетес, што најпосле може да доведе до смртен исход.

Резултатите од седумгодишното истражување покажале дека многу членови на некои семејства прерано умираат поради генот одговорен за срцевиот удар.

– Пронајдената генетска грешка е многу ретка и може самата нема да доведе до објаснување како настануваат други болести на кардиваскуларниот систем, меѓутоа разбирањето на нејзината молекуларна природа ни нуди многу значајни знаења.

Истражувачите би можеле да ги применат овие откритија во истражувањето за тоа зошто и како се менува метаболизмот и како тие промени доведуваат до болести, навеудва тимот истражувачи.

Инаку, лицата со тој синдром имаат висок крвен притисок, висока количина липиди во крвта, дијабетес и имаат поголем ризик од срцеви болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП