3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската "Халкбанk,, тврди дека законски работела со Иран

Турската “Халкбанk,, тврди дека законски работела со Иран

halk

Турската државна банка „Халкбанк“ денеска соопшти дека ги почитувала законите при трансакциите со Иран.

– Нашите трговски односи се редовно контролирани од соодветните власти. Финансиското посредништво во рамките на трговските односи со Иран е изведено во согласност со правилата, се наведува во соопштението на банката.

Соопштението е објавено по притворањето на генералниот директор на „Халкбанк“, Сулејман Аслан, под обвинение за земање мито.

Азербејџанскиот бизнисмен Реза Зараб исто така беше уапсен и обвинет за организаирање на мрежа за поткупување на службеници, кои требаа да ги прикријат продажбите на злато за Иран со посредништво на „Халкбанк“.

Според неофицијални информации, полицијата пронашла 4,5 милиони долари скриени во кутии за чевли во домот на Аслан.

Во рамките на антикорупциската истрага подигнати се обвиненија против 24 лица, меѓу кои и против синовите на министерот за внатрешни работи, за економија и против синот на Аслан.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во саботата изјави дека „Халкбанк“ е цел на меѓународен заговор, додавајќи дека банката ги стопирала трансакциите со Иран на 10 јуни откако САД вовеле нови санкции кон Техеран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП