3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо газирани пијалоци до побрзо стареење

Со газирани пијалоци до побрзо стареење

gazirani546

Љубовта кон газираните пијалоци може да ве остаре пред време, предупредуваат научниците. Испитувањата покажуваат дека фосфатите кои го даваат вкусот на овие пијалоци го забрзуваат процесот на стареење.

Прекумерното конзумирање на газирани пијалоци го забрзува процесот на стареење. Испитувањата на научниците покажаа дека фосфатите кои се користат во газираните пијалоци имаат разорувачки ефект на кожата и мускулите.

Загрижувачка е и информацијата дека истиот минерал се додава и во обработеното месо, колачите и лебот, а сега и научно е докажано дека тој има штетно дејство на кожата, мускулите, срцето и бубрезите.

Жералд Вејсман, инаку член на научниот магазин „FASEB“ во кој беше објавено ова откритие вели: „Избегнувајте ги овие пијалоци доколку сакате да си го продолжите животот, тие го забрзуваат вашето стареење. Ова испитување сугерира дека рамнотежата на фосфор во организмот влијае на процесот на стареење, па затоа не би ви препорачале да го внесувате премногу”.

Газираните пијалоци и претходно беа поврзувани со други здравствени ризици, како кршливост на коските, рак на панкреасот, слабеење на мускулната маса и парализа – а дури две лименки неделно наводно го зголемуваат ризикот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП